ВИДЕО: Во Кочани, три жени се тепале за еден маж
Жестока тепачка на три жени се случувала синоќа во Кочани, причината е маж на возраст од околу 40-тина години кој е главниот актер во љубовен триаголник. Тој, емоционално и физички бил помеѓу жена на свои години и млада кочанка на возраст од 25.
Извесен период, кочанскиот Казанова успешно ја контролирал ситуацијата, се додека старстите не зовреле, па младата љубовница, заедно со уште една своја другарка, својата постара и поискусна конкуренција не ја нападнале на сред улица.
Започнале со навреди и кавга, а завршиле со клоцање, кубење и гребење. Жестоката пресметка се одвивала пред очите на љубовникот, кој дури и во овој случај не одбрал страна.
Случајот го потврдуваат и од полицијата, но оттаму се воздржани околку коментар за причините за тепачката. Во официјалната информација за настанот, за кој во Кочани нашироко се дебатира стои:
„На 23. 12.2018 година, во 19.45 часот во ПС Кочани, В.М. 48 од Кочани, пријавила дека на ул Охридска по претходна вербална расправија настанала физичка пресметка меѓу пријавителката М.Л (44) од Кочани од една и И.П 25 од Пеклани, виничко и А.М. 20 год. од Кочани, од друга страна. По комплетирање на настанот, против учесниците ќе бидат поднесени соодветни пријави“, информираат од МВР.