
Снимка од сослушување на еден од напаѓачите во салата Крокус е објавена од страна на руските медиуми. На видеото, осомничениот открива дека е таксист, кој од Турција допатувал на 4 март откако примил наредба да ги убие сите присутни во концертната сала по цена од половина милион рубљи или околу 5.000 евра. .
Тој тврди дека бил контактиран преку Телеграм пред еден месец, по што добил оружје и инструкции.
Наведува дека стапил во контакт со налогодавците преку неговиот проповедник.