Живот

ВИДЕО: Студентка тајно го снимала професорот кој се обидел да ја натера на секс како би имала поголеми оцени

Ричард Акинделе, професор на Обафеми Аколово Универзитетот во Нигерија, наскоро ќе се најде пред суд затоа што е откриено дека една своја студентка се обидел да ја натера на секс како би имала поголеми оцени.

Моника Осаџи, студентка која за малку не била негова жртва, тајно ја снимила неговата понуда. Акинделе од неа барал да спие со него пет пати, а тој за возврат би и ги зголемил оцените.

Професорот е исфрлен од Универзитетот, а сега против него е покрената кривична постапка.

Обвинителот Мухамед Аширу Баба изјавил дека неговата снема не е доволна казна.

Иако Универзитетот го исфрли, тоа не е доволно, сакаме кривично да го гониме. Имаме доста вакви случаи на нашите универзитети, изјавил Баба.

Студентката Осаџи порано на Си-Ен-Ен изјави дека и е мило што го разоткрила професорот.

-Мило ми е што излегов во јавноста со ова. Им помагам на многу млади жени кои минале низ тоа, а за тоа не смееле да говорат, кажа таа.

Универзитетот нагласи дека со сите сили ќе се бори оваа пракса да се искорени.

Поврзани вести

Back to top button