ВИДЕО: Со девет куршуми пукано во порно актерка со македонско потекло
Порно актерката со македонско потекло Анџела Вештица за малку ќе го загубеше животот
На Анџела Вештица и нејзиниот дечко пукано е вчера во сараевската населба Храсно!
Како што пишуваат босанските медиуми, лицето кое пукало на Анџела и нејзиниот партнер Адмир Арнаутовиќ Шмрка, е неговата, како што се наведува, поранешна сопруга Емина Арнаутовиќ.
Анџела потврди дека дошло до пукање, но соопшти дека таа не е во „афера“ со Адмир, туку во врска.
„По повод насловните на босанските весници морам да демантирам дека не сум во никаква афера со Адмир Арнаутовиќ туку во емотивна врска, и не сум причината за пукање на психички лабилната поранешна жена која испали 3 куршуми во него и 9 во мене. Добро сум, фала. Се гледаме на концерт вечерва!“, објасни Анџела која потоа ја сподели снимката со бакнеж со дечкото Адмир.
Како што пишува Аваз.ба. Минка со малолетните синови околу 13:45 часот минала покрај возилото „голф 7“ на сопругот и го затекла сопругот како ја изневерува. Тогаш го извадила пиштолот и почнала драмата.
Тој почнал да бега, а Емина го стигнала во паркот каде го ранила. Сето тоа го направила пред очите на своите деца.