Македонија

Видео: Силно невреме во регионот, откронати дрва и кровови – моќниот циклон АЛЕКСЕЈ над нашата држава

Започна влијанието на моќниот циклон АЛЕКСЕЈ над нашата држава со тоа што започна да дува засилен јужен ветер.

Понатаму ветер ќе засилува по интензитет па така ќе биде ЗАСИЛЕН до СИЛЕН по интензитет и локално ќе достигнува брзина од над 80 км/час а токму поради ова ќе биде натпросечно топло за овој дел од годината како и спарно а исто така од Сахара кон нашата држава ќе се врши транспорт на прашина и на песок.

Доцна вечерва и во текот на ноќта кон утрешниот ден (недела) на запад ќе има ИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд кој полека ќе се прошируваат и во останатите предели на државава но сепак најинтензивни ќе бидат токму на запад каде за релативно кратко време ќе наврнат дури на д 20 л/м2 воден талог а снег ќе врне само на највисоките планински места а утре (недела) и на повисоките планини.

Локално ќе има услови за нестабилност проследена со грмежи, поројни врнежи од дожд а не се исклучува можноста и за сосема ретка појава на град.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Поради силниот ветер особено долж Охридско – Струшкото крајбрежје можно е да дојде до локално поплавување наод крајбрежјето како и на тие објекти кој се наоѓаат многу блиску до езерото или тие кој се веќе навлезени во истото па затоа КРАЈНО ВНИМАНИЕ.

Исто така поради поинтензивните дождови особено на запад можно е локално излевање на реките и на речните корита.
Славчо Попоски

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ

Истовремено невремето веќе го зафати Балканот. Силен ветер кој денеска дува во Сараево направил штета и предизвикал проблеми на Меѓународниот аеродром во тој град.

Ветерот соборил дрва, а пожарникарите веднаш стигнале на местото на настанот.

Станува збор за мала штета, но повредени нема.

Силниот ветер оневозможил и слетување на авиони на Меѓународниот аеродром во Сараево, неколку летови се откажани, додека други се вратиле а дестинацијата од која полетале кон главниот град на БиХ.

Поврзани вести

Back to top button