Свет
ВИДЕО: Професор им ставал единици на ученичките, а потоа барал со секс да ги поправат
Гилберто Гонзалес Аријас, професор по математика од Колумбија, е обвинет за обид за имање сексуални односи со малолетници.
Тој ги уценувал учениците, на кои претходно им дал лоша оценка, така што им давал шанса да ја поправат, ама единствен начин за тоа било да имаат секс со него.
Професорот е уапсен после акцијата на полицијата, во која помагал и татко на едно од девојчињата жртви.
Гилберто е фатен кога на себе имал само жолти боксерки.
Таткото на девојчето во моментот на влегувањето го удри професорот со бокс во глава.
Кога се слушнало за овој случај уште тројца родители поднеле пријави против професорот.