Свет
ВИДЕО: Ова е жената жртва на синот на газдата на „Џамбо“, била бремена
Џорџ Вакакис (24) синот на бизнсменот и сопственик на „Џамбо“, вчера попладнето во сообраќајна несреќа го загуби животот, а загинаа и негов пријател, 33 годишна жена и нејзиното 3 годишно дете.
Несреќното семејство Патманоглу запрело со автомобилот на паркинг, за таткото – возач на автомобилот, да отиде до тоалет, додека негвата сопруга и детето останале во „Хондата“. „Поршето“ на Вакакис влетало во нив, по што двата автомобили се запалиле.
Преживеал само човекот кој бил во тоалет во моментот на несреќата.
Според пишувањата на грчките медиуми, семејството кое било во „Хондата“ е од Птолемаиде, а починатата жена била бремена.
Погребот на жената и малото дете ќе биде утре во нивното родно место.