МакедонијаТоп
(ВИДЕО) Новинари го откриле случајот „Адитив“
И покрај лукративниот предлог, новинарите на ИРЛ објавиле две истражувања за две јавни набавки за адитиви за Електрани на Северна Македонија кои покажаа дека стоката е платена три до четири пати поскапо од пазарната цена, објави 360 stepeni.mk.
Фирмата посредник, која ги добила тендерите вредни 6,5 милиони евра, нема вработени, а газдарицата е службеничка во „Пошта“ на РСМ Врз база на новинарското истражување, Јавното обвинителство успеа да дојде до основи за сомнение за да отвори истрага против 23 лица, меѓудругото и за перење пари. Најзвучните осомничени лица се два поранешни директори на Електрани на Северна Македонија – Васко Ковачевски и Васко Стефанов.