МакедонијаТоп

(ВИДЕО) Керим го паркирал „Поршето“ непрописно, службите реагираа откако група храбри млади луѓе изразија бунт

На социјалните мрежи е споделено видео на кое се гледа расправија помеѓу граѓани и полицаец и пајак службата на ПОЦ поради непрописна паркирано „Порше Кајен“ во Дебар Маало.

Снимката наиде на бура реакции од јавноста, особено бидејќи полицаецот се симна, па се повлече со екипата од ПОЦ со намера да не го санкционира сопственикот на возилото за кој подоцна се дозна дека е Срѓан Керим. По жестока реакција на група млади од Центар, полицаецот влезе до кафеаната, па го крена возилото.

Според она што се слуша на видеото возилото стоело повеќе од 4 часа на велосипедска патека а полицаецот кој е присутен заедно со вработените во пајак службата вели дека возилото е службено, сопственикот е полицаец на должност.

По неколку минутна расправија и откако полицаецот на должност се консултира со некого, пајак службата го крева возилото.

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска ги демантира објавите на социјалните мрежи и во дел од медиумите дека непрописно паркираното возилото во скопско Дебар Маало е на полициски службеник. Велат дека настанот од видеото се случил на 22 март годинава, а дека возачот е санкциониран.

„Возилото е подигнато од страна на ПОЦ, а од страна СВР Скопје се преземени мерки по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. На возачот С.К. му е издаден платен налог“, се вели во соопштението на МВР.

Оттаму посочија и дека во врска со постапувањето на полициските службеници при подигнувањето на возилото веќе постапува Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР.

„По завршување на целокупната постапка соодветно ќе ја известиме јавноста“, информира полицијата.

Инаку Срѓан Керим беше еден од повлијателните луѓе во времето на Груевски и Мијалков, поранешен министер и амбасадор во ОН и Германија

Поврзани вести

Back to top button
Globus 2
mk Македонски јазик
Следи не на Facebook