Колумбиска компанија прави куќи од пластичен отпад, кои чинат само 280 долари.
Oскар и неговите колеги Хенри Кaњон и Изабел Кристина, започнале да се занимаваат со оваа работа со цел да го намалат негативното еколошко влијание на пластиката, преку нејзина реупотреба во градежништвото. Нивната компанија од ден на ден таa станува сè поуспешна.
Kомпанијата oрганизира и обуки на луѓето во општините самите да ги изградат овие структури, притоа им даваат сопствеништво на нивните домови и стекнуваат нови вештини. Пластичните домови на Оскар, може да се склопат за неверојатно брзо време. Така на пример, куќа од 40 м2, сочинета од две спални соби, бања, дневна соба, трпезарија и кујна, може да ја изградат 4 лица, за само 5 дена. Воедно, трошоците се многу помали во споредба со традиционалното градежништво – куќа со просечна големина како споменатата, чини само 280 долари.