Свет

ВИДЕО: Брачна двојка се напаѓачите во Сан Бернандино кои убија 14 лица

Брачната двојка, Сијад Ризван Фарук (28) и Ташфен Малик (27) се двајцата напаѓачи во Регионалниот центар за лица со пречки во развојот, при што беа убиени 14, а други 17 беа повредени.

ss

Напаѓачите беа убиени во нивниот автомобил, по вооружената пресметка со полицијата, откако по извршениот масакар, Фарук и Малик се обиделе да побегнат.

При пресметката со напаѓачите, полесно е ранет еден полицаец.

Во соопштението на локалната полиција се вели дека Фарук веќе пет години работел во јавното здравство во Сан Бернандино, но дека од пред извесно време се верува оти имал проблеми на работното место.

Нападот се случи вчера вечер, додека вработените во Центарот за лица со пречки во развојот, одбележувале еден празник на кои биле поканети и нивните пациенти.На прославата бил и Фарук.

Сведоци тврдат дека тој ја напуштил прославата „видно вознемирен„ и подоцна се вратил со сопругата Малик.Обајцата биле тешко вооружени и веднаш отвориле оган врз насобраните луѓе, иако се верува дека цел на нападот не биле пациентите.

Кај Фарук и Малик полицијата открила мал арсенал од автоматско и друго оружје, а обајцата на местото на нападот дошле облечени во воени униформи.

Полицијата успеа да ги фати третото лице, за кое се знае дека побегнало од местото на нападот, но не се знае дали тоа на некој начин е поврзано со напаѓачите и со извршениот масакар.

Истрагата настојува да утврди кои се мотивите за масовното убиство, при што не се исклучува ни можноста од терористички напад.

Сан Бернандино е град со 200 илјади жители, одалечен 100 километри, источно од Лос Анџелес.

Последен ваков случај на масовно убиство беше регистриран во местото Њутаун, во сојузната држава Конектикат, во 2012 година, кога во локалното училиште беа убиени 26 лица.

Поврзани вести

Back to top button