(ВИДЕО) Активисти со жив штит го бранеа Водно – Багеристот добил наредба од шефот да гази живи луѓе
Градежните активности на Водно за изградба на гасовод низ планината продолжуваат и покрај реакциите на голем дел од јавноста. Граѓаните во голем број застанаа во одбрана на планината и побараа да се прекине со изградбата, но власта по секоја цена продолжува со градежните активностите. Денеска на Водно дојде до судир меѓу активистите и градежниците.
-Горе на Водно се случува вистинска драма!!! Багерите утрово тргнале да ги газат активистите кои со ЖИВ ШТИТ ја бранат планината! (меѓу нив е и Игор Смилев, познатиот велешки екологист кој е најзаслужен за затворањето на “Топилница”). Повикана е полиција, но изведувачот на работите се заканува со приватни батки да ги тепа планинарите. Потребно е физичко присуство на лице-место! Ако има доброволци, нека се упатат веднаш накај “местото на злосторството”, пишува универзитетскиот професор Димитар Апасиев на Фејсбук.
-На ТВ Алфа не ѝ даваат да одат горе и снимат, Град Скопје не пуштаат. Рампата останува спуштена, пишуваат од граѓанската иницијатива Go Sakam Vodno / Го Сакам Водно на ФБ.
-Легнавме пред багер, шефот на оваа турлитава му нареди на работникот да не помине. Срамота е што сѐ ќе направат за парите, пишува еден од активистите кој е дел од живиот ѕид на Водно на својот Фејсбук профил.
Како што изјавиле дел од активистите и за Фокус, багеристите добиле наредба возат преку насобраните луѓе, но истата ја одбиле.
Во еден дел од видеото кое активисти го објавија на фејсбук се слуша наредбата „гази се пред себе“ (3.26).