Македонија

Верниот до гроб на Мијалков, Мендух Тачи, ги повика сите Албанци да гласаат за СДСМ

Поранешниот претседател на ДПА, Мендух Тачи, Во интервју за Телевизија Клан, изјави дека во последните неколку месеци „кочница претставува ДУИ, преку напади кои ги направиле над различни албански функционери од редовите на СДСМ“.

Реалноста е ова: Последните месеци кочница се ДУИ со нападите коишто ги имаат правено кон различни функционери на СДСМ коишто се Албанци. И беше интересно, како ДУИ не успеа да креира една нова платформа за овие избори – патриотска, обвинувајќи ги високите функционери на СДСМ коишто се Албанци – вели Тачи.

Тачи ја префрлува вината директно врз ДУИ, истакнувајќи дека Зекири не е виновник, туку ДУИ се виновниците.

„Тие се виновни за сè (ДУИ), назадувањето што го имаме во остварувањето на нашите права и јас тука не можам да молчам зборувам коректно и праведно. Не е Мухамет Зекири виновник за ситуација, виновници се ДУИ, коишто се 17 години на власт. Второ: Зошто ДУИ сега ги попречуваа тие Албанци што се интегрирани во СДСМ?“ – се запраша Тачи.

Поврзани вести

Back to top button