Ужас во скопски Сарај: Ранети три лица во автобус, едно е во критична состојба
Жестока физичка пресметка меѓу две групи се случила во автобус во скопски Сарај.
Три лица се хоспитализирани во скопските болница, од кои едно е во животна опасност, откако околу пладнето во автобус на скопското Јавно сообраќајно претпријатие дошло до масовна тепачка меѓу две групи малолетници за кои очевидци претпоставвуаат дека се од скопски Сарај.
„На 12.09.2019 околу 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека бил нарушен јавниот ред и мир во автобус бр.56, при што со повреди од остар предмет се здобил 16-годишен малолетник, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Со повреди се здобиле и уште две други малолетни лица кои се пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“. Полициски службеници од СВР Скопје излегоа на увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, информираат од МВР.