Свет
Убиство во Германија: Маж од Косово со нож ја убил својата жена
Tрагедија се случила во германскиот град Хеилбрoн, откако 44-годишен маж од Косово, со нож ја усмртил својата 33-годишна жена, пренесува Телеграфи.
Како што пишуваат косовските медиуми, потоа убиецот сам се предал во полицијата каде го признал делото.
Во моментот тој се наоѓа во притвор, додека обвинител дал наредба за негово апсење, за кривично дело убиство.
Полицијата ја пронашла жената мртва во нивниот заеднички стан во Хеилброн.
Според полицијата, двајцата имале седум деца, кои во моментот кога се случило убиството биле во нивниот дом. Тие беа згрижени во канцелариите за социјална помош, јавуваат косовските медиуми.
Според првичните информации, причината за убиството била тоа што мажот наводно бил љубоморен.