Македонија
Тушева објави видео од палењето на автомобилот на нејзиониот татко и брат
„На залезот на Денот на ВМРО и изгревот на парламентарните избори Обнова has checked in. Волкот влакно менува, нарав никогаш“ е коментарот на поранешната пратеничка на СДСМ од Штип и актуелна, Маринела Тушева Маричиќ по ноќешното палење на автмобилите на нејзините татко и брат.
Таа објави и кусо видео од инцидентот..
Како што информиравме претходно, во штипската населба Сењак ноќеска се запалени две возила на смејството Тушеви, на братот и на таткото на Маринела Тушева, но во пожарот изгореле 5 возила.
Братот на Маринела, Никола Тушев, е поарнешен претседател на ОО на СДСМ во Штип, но беше сменет со последното проветрување што го направи Заев.