Македонија

Ципрас: Следниот пат веќе нема да можете да го користите терминот Република Македонија, туку Горна

Алексис Ципрас по самитот на Европската Унија во Брисел со цинична насмевка ја најави забраната на користење терминот Република Македонија

Тој изјави:

„Следниот пат веќе нема да можете да го користите терминот Република Македонија, туку Горна или било која друга опција. Имаме волја да го решиме овој проблем, но нема никаков притисок, никој не не тера. Ова не е егзистенцнионално прашање за нас, но е за нашите соседи“.

-Не треба да биде олеснета верзија туку одржливо решение за да се создаде силен дијалог помеѓу народите. Името треба да биде за севкупна употреба. Меѓународна, билатерална, но и за внатрешна употреба. Не може да има различно име во ОН, а да продолжи да се нарекува Македонија во Уставот, додаде тој.

Во последната своја изјава, Ципрас ги потврди тврдите ставовите на Грција за егра омнес употреба на новото име на Македонија. Тој констатираше дека овој проблем не е егзистенционален за Грција и дека неговата земја е во подобра позиција од Македонија, бидејќи проблемот е егзистенционален за нашата држава.

Димитров на заедничката прес-конференција со неговиот грчки колега единствено упати критика кон начинот на пишување и преведување на најавеното ново име на државата.

Поврзани вести

Back to top button