Свет

Циглер: Третата светска војна е во тек

Советникот во Советот за човекови права на Обединетите нации, Жан Циглер оцени во интервју за виенскиот весник „Курир“ дека третата светска војна е во тек.

Тој укажа дека 54 милиони луѓе минатата година се убиени во војна, починале од глад, загадена вода или од веќе победени епидемии.

Тој нагласува дека живееме под светска диктатура на глобалниот финансиски капитал.

– Олигарсите на 500 најголеми концерни контролираат 52,8 отсто од светскиот Бруто домашен производ. Тоа е моќ, која ја нема ниту еден крал, цар, папа. Концерните не се под државна контрола и следат само една стратегија – максимизирање на профитот. А денес во САД милијардерите се директно на власт, вели Циглер.

Тој укажа дека и покрај парцијалниот напередок во намалување на жртвите на сиромаштијата и натаму од 7,3 милијарди, една милијарда луѓе перманетно се изложени на глад, што е последица на како што вели „канибалистичкиот светски поредок“.

Во врска со Доналд Трамп и неговите најави за намалување на учеството во меѓународните организации Циглер предупреди дека САД се најголем контрибутор во ОН, со 26 отсто од вкупниот буџет, односно кај мировните мисии учествуваат со обезбедување на 60 отсто од средствата.

– Ако Трамп го намали финансиското учество, ОН ќе бидат парализирани, рече Циглер.

Тој изрази уверување дека Трамп нема да биде четири години на функцијата, оценувајќи дека ќе има или психички проблем или притисокот ќе биде толку голем, што тој повеќе нема да може да владее.

– Поднесувањето оставка, но и изгласувањето недоверба се можните варијатни, смета Циглер.

Поврзани вести

Back to top button