Македонија
Тројца насилници нападнале маж и жена за паркинг
36-годишна жителка на Тетово вчера пријавила дека таа и нејзиниот сопруг биле нападнати во препирка околу паркинг-место во градот, соопшти МВР.
Според СВР Тетово, жената ги пријавила случајот вчеравечер околу 21 часот и 15 минути, а инцидентот се случил на улицата „Андреја Ристовски“, во близина на т.н. Стара градинка.
Таа во полицијата раскажала дека заедно со 40-годишниот сопруг биле физички нападнати од тројца насилници, поради недоразбирања околу паркирање на нивното возило. Од СВР Тетово велат дека случајот се документира и се расчистува.