Македонија

Три нови медали за вината на „Тиквеш“ и „Домен Лепово“

Винарската визба „Тиквеш“ и „Домен Лепово“ се закитија со уште еден златен и два сребрени медали на годинешното јубилеjно петнаесетто издание на светски реномираниот вински натпревар во Австрија – Austria Wine Challenge, кој се одржа во Виена.

Во конкуренција од над 12,000 вина од 40 земји од пет континенти, со златен медал беше наградено црвеното вино „Барово” од бербата 2015, а сребрен медал освоија две вина од минатогодишната берба, и тоа белото „Барово“ на ВВ „Тиквеш“ и белото вино „Chardonnay Domaine Lepovo”.

Карактеристичниот начин на дегустација и строгите правила при оценувањето го прават Austria Wine Challenge еден од најпрестижните светски познати натпревари за дегустација на вино, кој ги поставува највисоките стандарди и барања во поглед на континуираното подобрување на квалитетот во светот на виното.

Оваа година бројот на награди и специјални признанија освоени на најпрестижните светски натпревари надмина 60, со што „Тиквеш“ како предводник на македонската винска индустрија го зајакнува реномето на македонското вино.

Поврзани вести

Back to top button