Македонија
Тортевски до Ковачевски: Си донел одлука на влада од џеб да дадеш 130 милиони евра поддршка, јави се кај Грујо да ти чува место
Адвокатот Александар Тортевски испрати сериозно предупредување до премиерот Димитар Ковачевски во врска со државната помош за отворање на фабрика за електрични автомобили во Тетово.
„Добро бе Ќурко ќуркосана, си донел одлука на влада од џеб да дадеш 130 милиони € поддршка на концепт за производство за коли во Тетово. Нели биваше да се распише меѓународен тендер? Може Тесла, БМВ ќе се јавеа со повеќе бенефиции за државата. Јави се кај Грујо да ти чува место“, напиша на Твитер Тортевски.