Свет

Тинејџер загина на Божик и спаси 10 животи

За семејството на 18-годишниот Италијанец Алесандро Џани, овие празници се едни од најтажните досега, но благодарејќи на невната тешка, но многу хумана одлука, тие на овој Божик на десетмина луѓе им го дале најдобриот подарок – живот.

Агонијата на несреќното семејство почнала пред неколку дена, кога Алесандро се здобил со тешки телесни повреди при падот од шест метри висина.

Алесандро со двајца пријатели ја истражувал старата, напуштена фабрика за хартија во Варесе. Одејќи по кровот не ја забележал дупката која служела за одвојување на целулозата, а со тој пад го загрозил својот живот.

Иако итно бил пренесен во болница, повредите биле премногу тешки.

Семејството на несреќното момче на Божик одлучило да ги донира неговите органи и така да го спаси животот на десетмина луѓе.

Поврзани вести

Back to top button