Тинејџер со распетие убил 91-годишен римокатолички свештеник поради силување
Александар В. (19) го убил 91-годишниот свештеник Рожер Матасоли во местото Агнез, северна Франција.
Злосторството се случило на 4 ноември, но убиецот официјално до петокот не бил обвинет.
Тинејџерот работел како асистент кај свештеникот.Полицијата го обвини за мачење, убиство и отпор при апсење при обидот да избега во автомобилот на свештеникот. Подоцна бил пренесен на психијатрија.
Свештеникот е обвинет за сексуална злоупотреба на најмалку четири момчиња, вклучувајќи го и таткото на тинејџерот, помеѓу 1960 и 2000 година.
Мртвиот свештеник го нашле со знаци на мачење по телото, а на крајот умрел од гушење.
Таткото на осомничениот се самоубил кога дознал дека истиот човек го силувал неговиот син, тврди францускиот извештај.
Полицијата истрагата ја спроведува врз основа на претпоставките дека тоа било чин на одмазда, наведуваат локалните медиуми.