Македонија

Тестот на Заев за коронавирусот е негативен

Негативни се резултатите за коронавирус кај лидерот на СДСМ Зоран Заев, објави министерот за здравство Венко Филипче.

-Се продолжува со препораките, а тоа е самоизолација од една недела за двајцата лидери со оглед на тоа што контактот со зболениот бил пред една недела. Сите оние кои досега имале контакт со нив не се во никакво ризик и не треба да се тестираат, рече Филипче.

Претходно беше објавено дека негативни се резултатите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски.

Двајцата лидери беа испитани откако беше потврдено дека позитивен на коронавирусот е новинарот во чија емисија гостуваа.

И Заев и Мицковски утринава напишаа на своите Фејсбук профили дека се во самоизолација и оти се чувствуваат добро.

Министерот за здравство Венко Филипче претпладне на вонредна прес-конференција информираше дека двајцата лидери од денеска се во задолжителна домашна изолација.

Во текот на денот ќе се направат анкети и точно ќе се знае бројката на лица кои ќе одат во самоизолација.

 

Поврзани вести

Back to top button