Живот

Тест за редуцирање на непотребната примена на антибиотиците

Американски научници развија едноставен тест кој овозможува да се прави разлика меѓу пациенти со бактериски и со вирусни инфекции. 

Истражувачите од Универзитетот „Станфорд“ веруваат дека нивниот тест ќе ја редуцира непотребната примена на антибиотици, која на долг рок резултира со намалување на нивната ефикасност и со ширење на бактерии отопорни на нивното дејство.

Новиот тест се темели на анализа на експресија на седум гени и овозможува добивање на резултати во рок од еден час.

Сега тестовите на овој принцип се користат за анализа на експресија на сто гени. Ефикасноста на новиот тест успешно е проверена на пример од 96 тешко болни деца во Непал, а резултатите ги објави стручното списание „Сајнс Транзишанл Медисин“.

Поврзани вести

Back to top button