Свет

Температурата во Ирак достигна 53 степени Целзиусови

Во Ирак денеска е регистриран најтоплиот ден од почетокот на годинава со температури од 51 степен Целзиусов во Багдад и до 53 степени во јужниот дел од земјата.

Ирачката Влада ги прогласи денеска и утре за неработни денови поради горештините, кои се очекува да продолжат до недела.

Ова лето во земјата е многу топло, но според главниот ирачки метеоролог Хасан Абдул-Карим регистрираните високи температури се многу над просекот за овој период од годината.

Поврзани вести

Back to top button