Македонија

Татко лажно пријавил дека неговиот син му украл злато и 100 илјади евра

Татко лажно го пријавил својот син дека наводно со уште три други лица му украл злато и 100 илјади евра. Поради неговото лажно пријавување таткото заработил кривична пријава.

– Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против 52-годишниот М.Џ. од тетовска Палатица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „лажно пријавување“. Пријавениот се сомничи дека на 2 декември лажно пријавил дека во неговата куќа во Палатица била извршена тешка кражба во која биле одземени златен накит и девизи во вкупен износ од околу 100.000 евра, а во која наводно учествувал неговиот син А.Џ.(19) со уште три други лица, по што наводно се оддалечиле од куќата и заминале со возило „Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, се вели во соопштението на Обвинителството.

Таткото М.Џ. признал дека ја измислил целата приказна околу кражбата.

Поврзани вести

Back to top button