Македонија

Татко ги силувал своите три малолетни деца

Трите малолетни деца кој таткото ги силувал во сопствениот дом, сега се згрижени и заедно со мајката се безбедни, информираат од Ценатрот за социјални работи во Битола. На 58 годишниот битолчанец по барање на обвинителството, Основниот суд му одреди 30 дневен притвор.

Таткото во повеќе наврати годинава дома сексуалано ги злоупотребувал децата на возраст од 13, 8 и 6 години. Тој е поранешен затвореник, одлежал 8 годишна затворска казна. Исто така е алкхоличар, поради што трпело и семејството, кое живеело во сиромаштија и тешки услови.

Децата редовно одат на училиште, а социјалните работници процениле дека мајката може да се грижи за нив, па засега остануваат со неа. Мајката и трите малолетни деца, кои биле жртви на сопствениот татко, ќе бидат под контрола на стручен тим на Центарот за социјални работи од Битола.

За овој грозоморен чин битолското обвинителство спроведе истражана постапка, а таткото е осомничен за три продолжени кривични дела полов напад и други полови дејствија врз дете кое не наполнило 14 години.

Според кривичниот законик за ова кривично дело на таткото кој ги силувал трите малолетни деца му се заканува казна затвор од најмалку 12 години.

Поврзани вести

Back to top button