Македонија
Таравари: Ако се утврди дека нема неправилности во Зајас, им ги нудиме нашите 12 пратеници на ДУИ
„Имаме конкретн имиња на луѓе кои не беа во Македонија, имаме податоци за заокружени ливчиња на лица кои починале. Еве, предлагаме да се провери кое било изборно место во Зајас и да се провери списокот на тие кои гласале. Нека се отворат кутиите и ако сите луѓе што гласале се тука, тогаш ние ќе го прифатиме изборниот резултат и нашите 12 пратеници ќе им ги дадеме на располагање на ДУИ. Но, ако има неправилности, ако повеќе гласови отколку што има луѓе во Зајас, тогаш барамео правда. Ние баравме избори, а не крадење.
И ова се случува 18 години по ред. Ете нека направат тест и ние им ги нудиме нашите пратеници на располагање. Ова се однесува и за Тетово, Сарај, Ласкарце, Бојане, Пласница, Чаир… имаме масовен грабеж на гласови. Жалам што надлежните институции го дозволуваат тоа и ги затвораат очите“, рече Таравари.