Tачи: Сите Албанци треба директно да гласаат за СДСМ
Во интервју за Телевизија Клан, поранешниот претседател на ДПА, Мендух Тачи, изјави дека во последните неколку месеци „кочница претставува ДУИ, преку напади кои ги направиле над различни албански функционери од редовите на СДСМ“.
– Реалноста е ова: Последните месеци кочница се ДУИ со нападите коишто ги имаат правено кон различни функционери на СДСМ коишто се Албанци. И беше интересно, како ДУИ не успеа да креира една нова платформа за овие избори – патриотска, обвинувајќи ги високите функционери на СДСМ коишто се Албанци – вели Тачи.
Тачи ја префрлува вината директно врз ДУИ, истакнувајќи дека Зекири не е виновник, туку ДУИ се виновниците.
– Тие се виновни за сè (ДУИ), назадувањето што го имаме во остварувањето на нашите права и јас тука не можам да молчам зборувам коректно и праведно. Не е Мухамет Зекири виновник за ситуација, виновници се ДУИ, коишто се 17 години на власт. Второ: Зошто ДУИ сега ги попречуваа тие Албанци што се интегрирани во СДСМ? – се запраша Тачи.
Тачи во ова интервју ги повикал сите Албанци директно да гласаат за СДСМ.
– Тој додава дека тоа е иста политика, и нема потреба Албанците коишто ја поддржуваат ова платформа и овој начин на интеграција, да имаат една партија како ДУИ или да гласаат за ДУИ. Искрено, треба директно да гласаат за СДСМ – изјавил Тачи.
Понатаму тој нагласува дека нема нешто „погрдо од тоа да се гледа како Груби и Ахмети како се гордеат и организираат конференции како тие ја доближиле Македонија до НАТО“.
Според Тачи, тоа е „најголемата лага“ која им се пласирала на граѓаните.