Тачи ноќева за 5.600 евра во Бодрум
Претседателот на Косово, Хашим Тачи со своето семејство е на одмор во Бодрум, Турција, во еден од најексклузивните хотели, односно вили, каде што ноќевање чини најмалку 5.600 евра, пренесува Танјуг. Тачи, притоа, на располагање има еден батлер, јахта и помошник на плажа.
Косовскиoт премиер во оставка, Рамуш Харадинај пак, се одмора во Црна Гора.
Добро утро од Вусање, од поранешниот премиер на Косово, кој пристигна кај вујкото, се вели во коментар на една Фејсбук-страница, објавен со фотографија на која Харадинај позира во градината пред една куќа.
Харадинај неодамна беше во Хаг на сослушување, поради што и поднесе оставка на местото премиер. Изворите говорат дека тој ќе има неофицијални средби и разговори со албанските политичари во Црна Гора.