Свет
Напад врз христијани пред црква во Пакистан
Две лица се убиени, а петорица се повредени, кога вооружани мажи отвориле оган врз верници кои излегувале од црква во градот Квета, во југозападниот дел од Пакистан.
Полицијата наведе дека напаѓачите се приближиле до црквата качени на мотори пришто отвориле оган врз верниците кои присуствувале на вечерна служба.
Меѓу повредените е и едно девојче, а двајца се во критична состојба.
Потрагата по напаѓачите е во тек, но засега никој не презеде одговорност за нападот.
Квета се наоѓа во пакистанската провинција Балучистан, во која делуваат сепаратисти од редовите на народот Балуч, како и исламски екстремисти.