Македонија

Сведок на убиството на Саздовски: Го тепале повеќе од една минута, па го оставиле да лежи во вир”

„До мене беше покојниот Никола и девојката, дојдоа тројца дечки мислев дека се знаат…“, раскажува очевидецот кој на денешното судење за убиството на Никола Саздовски – Саздо, ги препозна двајцата обвинети (третиот е во бегство).

„…му побараа лична карта и почнаа да го удираат. Викав остајте го детето ќе викнам полиција. Тоа траеше околу минута, минута и пол. Детето падна од удирањето и удри на главата. Двајца дечки побегнаа накај колата ‘мерцедес’, а едниот го удри со нога на вратот. Ја запалија колата и отидоа“, раскажа сведокот.

Саздовски бил оставен да лежи во бесознание во вир вода, а кога пришле да му помогнат, како што раскажа вториот сведок, веќе модреел и од устата му течела крв.

Одбраната тврди дека Саздовски починал при падот од удар во сандаче за струја. Повеќе на Телма.

Поврзани вести

Back to top button