Во меѓувреме сточарите прогнозираат дека на земјава и се заканува млечна криза. Како причина за тоа ја наведуваат неисплатливоста. Затоа голем дел од сточарите веќе ги продаваат цели грла.
„Проблемот е што голема е скапотијата. Скокна цената на репроматеријалите, горивата, струјата, а нашето млеко останува исто. За 22 денари литар млеко што му го продаваме на млекарниците, а тие во маркетите го продаваат по 95 денари не е логичко“, изјави за Сител, сточарот Toни Петковски,
Барањето на сточарите е откупната цена на млекото, да биде половина на продажната цена во марктите. Петковски потенцира дека освен ниската откупна цена, доцнат и субвенциите од државата и тоа по 22 месеци.
Во телефонски разговор за Сител, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството вети дека субвенциите месецов ќе им бидат исплатени.