Српската жандармерија влегува во Косово, реагира локалното население
Нови реакции во Косово поради влегување на српската жандармерија на косовска територија. Овој потег од локалното население и медиумите во Косово е оценет како нова провокација. Во средата, српската жандармерија, според локални сведочења, околу 17:50 била забележана како патролира кај џамијата во село Слубица, Гњилане.
Информацијата за „Рајонипресс“ ја потврдил имамот на џамијата во оваа село, Јусуф Мустафа. Според него, се работи за пет вооружени и униформирани лица.
„Јас ги видов и бев изненаден, бидејки до сега се случило и порано да влезат до близина на џамијата и да се вратат назад, но овој пат тие патролираа во внатрешноста на косовската територија“, вели Мустафа.
Имамот ги повикал косовската гранична полиција и КФОР да бидат присутни на тој дел од границата за да ги обезбедат малкуте селани кои одлучиле да живеат во ова село кај Гњилане.