Свет

Српска политичарка уапсена поради проституција

На проститутките им ги отстапувала своите станови и така правела мали илегални јавни куќи.

32-годишната политичарка Адријана Васиљевиќ, позната и како миленичка на Берлускони и поранешна кандидатка за претседателка на италијанската општина Фоџа, била на чело на организацијата која становите ширум овој град ги издавала на проститутки, како илегални привремени јавни куќи.

Васиљевиќ, државјанка на Србија со престојувалиште во Фоџа, била уапсена при пребарувањето на куќа, заедно со уште девет лица, под обвинение дека организирала проституција.

Со неа во притвор се наоѓаат и нејзиното 40-годишно момче Михаел Сорентино, Антони Спадакино, Стефано Симоло, Мадалена Соломита и нејзиниот Франческо Паоло Гуива, Франческо Паоло Синквепалми, Анџело Раосио Антоно Стриполи и Росарио Антонио Стриполи. Под истрага е дури и полицаец кој пропуштил да го пријави овој прекршок.

Во истрагата биле запленети 10 станови во различни делови на градот. Истрагата почнала по жалбата на граѓаните дека им пречат целовечерните доаѓања и заминувања на проститутки и нивните клиенти од зградите, кои траеле од 2015. година до почетокот на 2018. година.

Во текот на истрагата било откриено дека осомничените на проститутките им ги отстапувале своите станови или ги издавале во посебни цели, правејќи ги де факто бордели, помагајќи во експлоатацијата на жени, во главно од странство.

Покрај тоа, тие своите услуги ги рекламирале и во весници и на веб страни. Сите овие “бизниси” им гарантирале околу 7.000 евра месечно, имајќи во предвид дека секој ден две до четири проститутки престојувале во станот и за тоа им плаќале 50 евра дневно.

Кај еден осомничен биле пронајдени 11.400 евра во кеш – пари кои, според инспекторите, ги добил на илегален начин.

Васиљевиќ се кандидирала во 2014. година на последните општински избор на местото претседателка на општина Фоџа, и тоа на листата на партијата Форца Италија, која ја води Силвио Берлускони.

Поврзани вести

Back to top button