Средство кое ги убива сите бактерии, а чини 30 денари
Во скоро секоја куќа има хидроген, бидејќи е добар за дезинфекција на рани, но малкумина знаат дека може да биде одличен во одржување на куќата, а чини само 30-40 денари.
Трипроцентниот хидроген е одличен за чистење на сите работни површини во кујната, бидејќи убива бактерии, а не е штетен по здравјето.
Со него може да ја дезинфицирате и внатрешноста на фрижидерот. Со хидроген одржувајте ја и даската за сецкање. По употреба измијте ја и напраскајте ја со хидроген.
Уште еден совет чистење на каменец во кујната или тоалетот
Можеби на прв поглед ви се чини дека не е возможно и дека ќе остави лош мирис, но оцетот е многу погоден и помага за да исчистите се темелно дома.
Идеален е за чистење на каменец, па ако ставите пола лажица оцет и пола литро вода да извријат, и ги поминете површините со каменец на нив, ќе го снема.
Фрижидерот исто така треба да се чисти и да се грижиме сите бактерии во него да ги снема.
Ако се земе предвид дека сите намирници стојат по маркети, ги допираат многу луѓе и имаат бактерии, потребно е да го чистиме темелно фрижидерот, а верувајте не ви требаа скапи средства за таа намена.
Измешајте вода и оцет, па со ова избришете го фрижидерот.
Ги убива бактериите и темелно го чисти.