МакедонијаТоп

(ВИДЕ) Срамно, припадници на обезбедувањето на Силјановска го лажат полицаецот дека „Поршето“ е службено

Припадници на 6-тата Управа го лажеа полицаецот дека приватниот џип е службено полициско возило. Ова за Телма го потврдија од МВР кои ни одговорија и дека обезбедувачите биле во ресторанот како придружба на сопругот на претседателката Гордана Силјановска Давкова, Благој Давков.

-Полициските службеници биле ангажирани за обезбедување на лице поврзано со претседателката Гордана Силјановска Давкова, конкретно нејзиниот брачен другар, кој во моментот бил присутен во угостителски објект. Активноста на полициските службеници е во рамки на редовните мерки и надлежности согласно Уредбата за обезбедување на личности и објекти, велат од МВР. 

„Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на МВР извршени се проверки по објавена видео снимка на социјалната мрежа фејсбук на 04.04.2025.

На видеото се гледа како група граѓани бараат од полициски службеник, кој постапува со специјално возило „пајак“, да го подигне возилото „порше каен“ со скопски регистарски ознаки, поради тоа што било паркирано на велосипедска патека, односно на коловоз.

Полициски службеници од ОВККИПС извршија проверки во ОБПС Скопје и утврдија дека од нивна страна е постапувано по прекршок за погрешно паркирање сторен од возач на патничко возило „порше каен“.

По извршен увид во службената документација, констатирано е дека полицискиот службеник С.Н. од ОБПС Скопје, на 22.03.2025 постапувал по Наредба за вршење дејност бр. 3626 од 21.03.2025 година за непрописно паркирани возила. Од страна на граѓанинот С.Н., на телефонскиот број 192 било пријавено дека на ул. “Орце Николов”, во близина на ресторан, непрописно било паркирано возилото „порше каен“.

Полицискиот службеник С.Н., со специјално возило „пајак“ и двајца вработени од ЈП за јавни паркиралишта на Општина Центар, се упатиле на наведеното место, каде што било затекнато возилото и револтирана група граѓани кои барале возилото да биде подигнато. На местото на настанот, од угостителски објект излегле две лица кои се легитимирале како полициски службеници и изјавиле дека возилото е службено. Полицискиот службеник С.Н. им наредил веднаш да го отстранат возилото и да го паркираат на соодветно место, по што влегол во кабината на „пајак“ возилото со цел да провери дали возилото навистина е службено.

Откако утврдил дека возилото не е службено и дека сè уште не е отстрането, на вработените од ЈП Јавни паркиралишта им дал наредба да го подигнат возилото, по што истото било пренесено во депото. Таму, од страна на полицискиот службеник Х.Ѓ. е составен записник за сторен сообраќаен прекршок по чл. 63 став 6 од ЗБСП, како и прекршочен платен налог, во кој е наведено дека сторител на прекршокот е С.К. (76) од Скопје. Сопственик на возилото е М.Т. (48) од Скопје.

Двете лица кои се претставиле како полициски службеници и тврделе дека возилото е службено, со патничко возило „форд мондео“ се упатиле кон депото. Полициските службеници од ОВККИПС извршиле проверки за возилото „форд мондео“ и констатирале дека истото го управувале полициските службеници Т.Д. и И.С., распоредени во Одделението за лично обезбедување на Претседателот на РМ.

Со овие полициски службеници е извршен службен разговор, при што е констатирано дека сториле потешко прекршување на работниот ред и дисциплина. Од страна на ОВККИПС до Одделот за дисциплински и судски постапки ќе биде поднесен предлог за утврдување на дисциплинска одговорност, информираат од МВР.

За една недела се случија со два инциденти со припадници на 6-тата Управа кои беа дел од обезбедувањето на Силјановска и Мицкоски, односно припадникот на обезбедувањето на Мицкоски   Ангел Сарамаков оддаваше службени тани,  а лани и обезбедувањето на Гаши направи два инциденти.

На социјалните мрежи претхоно споделено видео на кое се гледа расправија помеѓу граѓани и полицаец и пајак службата на ПОЦ поради непрописна паркирано „Порше Кајен“ во Дебар Маало.

Снимката наиде на бура реакции од јавноста, особено бидејќи полицаецот се симна, па се повлече со екипата од ПОЦ со намера да не го санкционира сопственикот на возилото за кој подоцна се дозна дека е Срѓан Керим. По жестока реакција на група млади од Центар, полицаецот влезе до кафеаната, па го крена возилото.

Според она што се слуша на видеото возилото стоело повеќе од 4 часа на велосипедска патека а полицаецот кој е присутен заедно со вработените во пајак службата вели дека возилото е службено, сопственикот е полицаец на должност.

По неколку минутна расправија и откако полицаецот на должност се консултира со некого, пајак службата го крева возилото.

Инаку Срѓан Керим беше еден од повлијателните луѓе во времето на Груевски и Мијалков, поранешен министер и амбасадор во ОН и Германија

 

Поврзани вести

Back to top button
Globus 2
mk Македонски јазик
Следи не на Facebook