МакедонијаТоп

Спиро Топалоски, тепаниот од Нефи Усеини се степал со германски турист, а на скопјанка ѝ го искршил автомобилот оти била сведок

Охриѓанецот Спиро Топалоски кој беше натепан од бизнисменот и функционер на ДУИ, Нефи Усеини, се степал со странски турист и искршил возило на скопјанка која била сведок на тепачката. Драмата се случувала во средината на минатиот месец, а сега се поднесени пријавите, објави Макфакс.

Топалоски им е познат на правосудните органи и јавноста. Тој сведочеше како Усеини го тепал пред охридски хотел, а потоа ја смени изјавата и кажа дека бизнисменот му е пријател. Тепачката во вилата на Топалоски ќе се реши со прекршочни пријави.

– Во ПС Охрид пријавен е нарушен јавен ред и мир со тепачка настаната во вила во населба Рача, помеѓу лицата С.Т.(43)од Охрид сопственик на вилата и Р.Р.П.(34) од Р. Германија кој престојувал во вилата, лицата се приведени, поднесено е барање за поведување на прекршочна постапка, велат од МВР.

По ова следела нова драма. Додека скопјанка давала изјава за тепачката помеѓу Топалоски и Германецот, тој и го кршел автомобилот.

– Истиот ден пријавено е кривично дело „Оштетување туѓи предмети“ по чл. 243 ст.1 од КЗ за кое дело гонењето се презема по приватна тужба против лицето С.Т.. Делото е извршено во период додека оштетената Х.И. од Скопје, давала изјава во полиција а во врска со претходниот настан – Нарушен ЈРМ со тепачка, при што било извршено оштетување на нејзиното возило, додаваат од МВР, ПИШУВА МАКФАКС.

Пред три години, Топалоски сведочеше како бил тепан од бизнисменот Усеини. Кажа дека го мавал по главата и телото и додаде дека случајот ќе го тера до крај. Откако почнаа судењата, а Нефи Усеини беше гонет за насилство, Топалоски кажа дека не е оштетен односно дека го натепало некое непознато лице, а не бизнисменот и функционер на ДУИ.

Во пресудата напишана на петнаесет страни стои дека од снимките јасно се гледа како е тепан Топалоски, тие му биле покажани и нему, но тој останал на исказот дека повредите не му се од Усеини.

ПОВЕЌЕ ВО МАКФАКС

Поврзани вести

Back to top button