Свет

Специјалци, полициски кучиња и падобранци го бараат Игор, го сметаат за најопасен криминалец

Деветнаесет полицајци, падобранци и специјалци во Италија трагаат со сите расположливи средства и полициски кучиња, по 41-годишниот Игор Вацлавиќ од Србија, кој пред две недели извршил две убиства, а е осомничен и за трето.

Потерата по “Рамбо” од Србија трае со денови, а при полцииската акција, Игор избегал за влакно.Сепак, ни 19 полицајци не биле доволни да го фатат Србинот, кој успеал и да рани еден од нив.

Кучињата трагачи му ја откриле трагата, тој се наоѓа во шума, но успешно и бега на полицијата. Шумата спаѓа во црвена зона, а полицијата смета дека има и некој кој му помага.

Инаку, тој на 1. април уби сопственик на кафуле, кога при грабеж тој обил да му даде пари. Кога го забележал чуварот на локалот, Игор го убил и него, па избегал од полицијата.

Според полицијата, тој има два пиштола кај себе и е еден од најопасните криминалци.

Поврзани вести

Back to top button