Сопственикот на „Секјуриком“ без пасош избегал од Македонија
Сопственикот на фирмата „Секјуриком“, Волфганг Гампер, кому во март му беше одземен пасошот како осомничен за соизвршителство во местење на 11-милионскиот тендер за одржување на Владата, избегал од Македонија, пренесува „Сакамдакажам.мк“.
Од Основниот суд Скопје 1 информираат дека Гампер не се пријавил во судот како што предвидуваат мерките на претпазливост и поради тоа му е определена мерка притвор во траење од 30 дена откако ќе биде пронајден и лишен од слобода.
„Против лицето, по предлог на надлежниот Јавен обвинител, донесено е решение со кое се укинуваат претохдоно определените мерки за претпазливост, а му се определува мерка притвор во траење од 30 дена сметано од денот на пронаоѓање или лишување од слобода, заради непочитување на претходно определените мерки за кои судот го известил надлеженото обвинителство. Со оглед да ова решение не е правосилно односно странките имаат право на жалба, до овој момент, сè уште не е издадена наредба за распишување потерница“, велат од Основниот суд Скопје 1.