Свет
Сопругот на исчезнатата Србинка се лечел во лудница, бил со дијагноза социопат
Брајан Волош сопругот на исчезнатата сопруга Ана во младоста се лечел во душевна болница. Неговата дијагноза била „социопат“ односно емоционално осакатен. Својот татко го измамил за милон долари, а пријателот за половина милион. Неговиот татко се одрекол од него се заколнал дека не сака да слушне за него до смртта.
Брајан е осомничен дека брутално ja убил жената во куќата, ја завиткал во ќебе и го фрлил телото во контејнер за рециклирање.
Полицијата има се повеќе докази дека Волш ја убил својата сопруга во подрумот на куќата, а потоа и го распарчил телото, го завиткал во тепих и го возел 76 километри до депонија, каде отпадот се уништува и од него се произведува струја.