Сопругите на загинатите полицајци се соочија со обвинетите од „Дива населба“
Во Кривичниот суд во Скопје денеска се одржа ново рочиште за случувањата во кумановската „Дива населба“ во мај минатата година. Сведочеа петмина кумановци, сведоци на Јавното обвинителство.
Роднините на осумтемина убиени полицајци се појавија на денешното судење. Тие изјавија дека се приклучуваат на кривичниот прогон на обвинетите и оти во граѓанска постапка ќе бараат отштета за смртта на нивните сакани.
Како и на претходните рочишта, така и на денешното имаше силно полициско обезбедување околу судот. Продолжението на судењето за „Дива населба“ е закажано за 22 март.
Во случајот „Дива населба“ се обвинети вкупно 29 лица за тероризам и терористичко организирање за случувањата од 9 и 10 мај во кумановско. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група