Џина Џиновиќ (17) е ќерка на познатиот фолк пејач Харис Џиновиќ (71) и неговата 31 годинa помлада сопруга Мелина (40), а во последно време младата девојка го привлекува вниманието со разголените фотографии што ги објавува на социјалните мрежи.
Како голем број млади луѓе, Џина сака на социјалните мрежи да го покаже своето совршено тело и новата облека, а неретко е мета на критики затоа што премногу се разголува и покажува повеќе отколку што е потребно.
Претходно, нејзиниот татко Харис даде изјава за медиумите и кажа дека тој се обидува да не ѝ се меша во животот на ќерката и дека воопшто не следи што објавува таа на Инстаграм.
Како што рече, воопшто не му паѓало на памет да следи како таа ги „напрчила усните и го истакнала задникот“.
Сопругата на Харис, Мелина е позната модна дизајнерка чии креации ги носеле голем број славни личности (Џеј Ло, Рита Ора, Парис Хилтон), но неодамна за медиумите изјави дека како родители воопшто не им е лесно со Џина.
„Како мајка тешко се носам со тоа. Повторно нагласувам, воопшто не ми се допаѓа новото доба и начинот на кој што сето тоа се следи во медиумите и не сум задоволна. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, но мошне тешко се бориме со тоа и не се согласуваме. Тешко се навикнуваме, во таков период сме“ – рече Мелина во изјава за медиумите.
Инаку, освен на Инстаграм, Џина е мошне популарна и на ТикТок, каде редовно објавува видеа и фотографии во кои во прв план е нејзиното совршено тело.