Свет

Собранието на сила носи закон за укинување на црквата, Црногорците на улица (ВИДЕО)

Црногорскиот парламент предмалку ја заврши дискусијата за Предлог законот за слобода на вероисповед, додека во главниот град Подгорица има ефективна опсада. Блокирани се повеќето на патишта низ земјата, а на барикадите се свештениците на СПЦСвештениците на Митрополијата црногорско-приморска, се собрани на мостот во Подгорица, а за локалните медиуми велат дека меѓу нив има инсталирно и провокатори со фантомки, чија задача е најверојатно да предизвикаат инциденти, но дека тоа тие нема да го дозволат.
Се до 22.00 часот, беа блокирани сите излези на Подгорица од страна на граѓаните кои не се согласуваат со новиот закон за верски слободи.Според експертите, се работи за закон по теркот на Украинскиот со цел национализирање на црквата и формирање на Црногорска Православа црква на местото на СПЦ која има црковна власт во Црна Гора.Аналитичарите сметаат дека се работи по т.н. „Украинско сценарио“ споредувајќи ги чекорите кои ги превземаше екс-претседателот на Украина Петро Порошенко, со носењето на закон за Украинска црква, со цел отфрлање на црковната власт на Руската православна-црква во земјата.

„Таа идеја за национализација на црвката, почнувајќи од Украина, се шири по Европа. И во Црна Гора тоа се користи на исто така груб начин како и во Украина“, вели рускиот експерт Роман Лункин за „Спутник“.

Според неговите збориви, се поставува прашањето дали оваа идеја ќе успее, бидејќи во Украина, без оглед на административната власт на Порошенко, благодарение на што беа донесени одредени црквени, канонски одлуки предизвикувајќи до поделба на општеството, сето тоа фактички доведе само до поединечни случаи на дискриминација кон Украинската православна црква на Московскиот патријархат.

Опозициските пратеници во Црна Гора пак ги повикаа граѓаните да бидат во состојба на готовност доколку се донесе овој закон, а лидерот на Демократскиот Фронт Андрија Мандиќ вечерва во Собранието на Црна Гора ги повика и своите „воени другари“ да бидат подготвени за реакција.

„Нема вашите 2.000 полицајци да го запрат ова во Црна Гора. Ако не се откажете ќе биде катастрофа“, рече Мандиќ во црногорското Собрание и ги повика „воените другари од деведесетите да бидат подготвени“.

Досега се уапсени десетици демонстранти од улиците на Подгорица и другите градови низ Црна Гора.

Поврзани вести

Back to top button