Живот
Собарки на Миконос јаделе слатки кои ги оставиле гостите и завршиле во болница со халуцинации
Собарки на грчкиот остров Миконос пробале слатки кои ги оставиле гостите, по што завршиле во болница со халуцинации. Слатките биле полни со халуцигени супстанци.
Прототема објави дека пет собарки се задржани во болница откако јаделе чоколади и слатки кои останале во фрижидерите по заминувањето на гостите. Слатките содржеле псилоцибин, супстанца која може да предизвика еуфорија, промена на емоциите и халуцинации. Инаку, Миконос важи за еден од најскапите грчки острови.