Со уставните измени, Македонија во Уставот ќе биде спомнат само еднаш, Северна Македонија 287 пати
Зборот Македонија во македонскиот Устав се спомнува вкупно 288 пати, сега ќе се споменува само еднаш, а Северна Македонија 287 пати.
Од присутните 81 пратеници, сите се изјаснија „ЗА“ со што Република Македонија стана Република Северна Македонија.
Еве кои пратеници гласаа за промена на името:
Промената на името на државата е предвидено со амандманот 33, во кој стои: Во Уставот зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“.
Амандманот 33 гласи: Во Уставот зборовите „Република Македонија” се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија”, а зборот „Македонија” се заменува со зборовите „Северна Македонија”, освен во член 36 од Уставот на Република Македонија.
Во Амандман 34 зборовите „кои живеат во нејзините граници” се заменува со „како и граѓаните кои живеат во нејзините граници, граѓаните на РМ, македонскиот народ, и дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите”.
Амандманот 35 гласи „Републиката ги почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави” се дополнува членот 3 од Уставот на Република Македонија.
Зборот Македонија останува единствено во член 36 од Уставот.
Амандман 36 гласи:
-Републиката ги штити, гарантира и негува особеностите, историското и културното наследство на македонскиот народ;
-Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани што живеат или престојуваат во странство;
-Републиката се грижи за дијаспората на македонскиот народ и на другите заедници и ги негува и унапредува врските со татковината;
-Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.
„Републиката им гарантира посебни социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија, на воените инвалиди, на прогонуваните и затвораните за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност, како и на членовите на нивните семејства кои немаат можности за материјална и социјална егзистенција. Посебните права се уредуваат со закон“, пишува во членот 36 од Уставот.