Македонија
Со помош на лавот Чака фатени четворица кои провалиле во скопската Зоолошка
авот Чака е херој на денот во Зоолошката градина во Скопје, откако помогна при фаќањето на дело и приведувањето на четворица провалници ноќеска околу 1:30 часот.
Провалниците не успеале да украдат ништо, ниту да направат материјална штета, бидејќи кога се нашле во близина на живеалиштето на Чака, тој се исправил на оградата и почнал силно да рика.
Чуварот веднаш ја алармирал полицијата, која „наведувана“ од лавот брзо ги лоцирала и ги уапсила неканетите гости. Тие биле лесен плен на органите на редот, видливо уплашени и тресејќи се од страв од Чака.
Зоолошката градина беше цел на грабеж и во мај минатата година, кога провалниците украдоа дел од алатот за одржување на живеалиштата на животните.