Живот

Следува вистинска бура во Македонија

Среда нема да донесе „убаво“ време на какво се навикнавме во изминативе денови. Уште претпладне ќе има наоблачување, позначајно во западниот и северниот регион. Врнежи од оваа облачност се очекуваат попладне и во текот на вечерта, со тоа што попладне ќе бидат почести во западниот, а навечер во североисточниот регион. Грмежите ќе бидат ретка појава.

Иако ќе биде пооблачно во однос на претходните денови, во југоисточниот регион веројатноста за врнежи ќе биде под 30%.

Температурата ќе достигне максимална вредност во границите од 26°С до 28°С во поголем дел од котлините низ земјава. На југоисток околу 30°С.

Скопскиот регион очекува променливо време. Пооблачно ќе биде попладне и навечер, кога се очекуваат и повремени врнежи од дожд. Температурите нема да надмине 28°С.

Променливото време ќе се задржи и во наредниет десетина дена. Силно невреме се очекува утре, а дожд ќе имаме и за време на викендот.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button