Македонија

Скоро 5.000 работодавачи немаа исплатено плата на работниците за август

Скоро 5.000 работодавачи немаа исплатено плата на работниците за август, а ист број на работодавачи воопшто немаат поднесено пресметки за да исплатат плата на повеќе од 10.000 работници, соопшти директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска на 6.Текстилијада во Штип.

– Повторно се бориме со истите појави. Мислам дека со успешен контролен механизам ќе можеме да ги надминуваме овие појави, изјави Лукаревска.

Забележа дека овие бројки се слични секој месец, но, како што рече, мора државата и институциите да се борат, бидејќи исплатата на плата е човечко право.

Поврзани вести

Back to top button